06.10.2022 Скопје
Набавени се 60.000 вакцини против сезонски грип и ќе бидат опфатени сите возрасни групи кои се таргет на Министерството за здравство, изјави ресорниот министер Беким Сали.
За прв пат после неколку години, навреме се набавени вакцините за сезонски грип, со што 40.000 вакцини се набавени од министерството за здравство а 20.000 се донација од организацијата ПиВи. И оваа година се продолжува со истото темпо како и претходните, и ќе бидат опфатени сите оние кои секоја година се главна цел на Министерството за здравство.
Станува збор за пациенти кои се над 65 години, трудници, деца до шест години и пациенти кои имаат хронични заболувања.
Министерот за здравство, Беким Сали, упати апел до граѓаните од гореспоменатите категории, да почнат со пријавување во системот за закажување вакцинација.
Подготвено од М.Н.