https://www.facebook.com/photo?fbid=148056177847557&set=pb.100083041103456.-2207520000.

26.10.2022 Скопје

За помалку од една година, граѓаните на отворената мејл адреса на Град Скопје, испратиле вкупно 3.680 барања, барајќи од надлежните да ги решат бројните проблеи со кои се соочуваат.

Најголемиот број граѓани на овој меил побарале поставување на заштитни столпчиња на тротоарите со цел слободно и олеснето движење за пешаците, потоа, чистење на диви депонии, а испратени биле и голем број на барања за интервенција на градските инспектори по однос на несовесното постапување од страна на поединци при одлагање на комунален отпад и загадувањето на животната средина.

Од Град Скопје информираат дека на електронската адреса 24@skopje.gov.mk може да ги пријавуваат предизвиците со кои се соочуваат во средината во која што живеат, а кои се од надлежност на Градот Скопје. Стручните служби во Градот Скопје се задолжени да одговорат на нивните барања или да ги решат во рок од 72 часа. Како што информираат, со тоа се овозможува брза и непосредна интервенција на терен за пофункционален град во служба на граѓаните. Воедно, од Град Скопје велат дека од вкупниот број на доставени барања, до сега решени се 2.830 барања.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *