06.10.2022 Скопје
На армискиот полигон „Криволак“, по повод Ден за високи гости на вежбата „Seven stars 2022“, ќе биде рализирана и прикажана теренска вежба на која ќе се демонстрира активности на тактичко ниво од страна на единицата од составот на Армијата на Република Северна Македонија, како земја домаќин, а во организација на Бригадата за Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ).
Како што најавија од Армијата, на денот за високи гости ќе присуствува и заменикот на министерката за одбрана, Башким Хасани, претседавачот на иницијативата СЕДМ, воено раководство на Генералштабот и генерали на Армијата на Северна Македонија, како и претставници на Министерствата за одбрана и Вооружените сили на земјите членки на (СЕЕБРИГ), воени аташеи и други поканети гости.
Командата на Бригадата за Југоисточна Европа (СЕЕБРИГ), која е стационирана во Северна Македонија, е главен организатор на вежбата „Seven star 2022“. На вежбата ќе учествуваат над 200 цивилни и воени припадници на земјите членки на (СЕЕБРИГ), кои преку компјутерски стимулирани вежби и вежби на карта користејќи ги НАТО процедурите при командување и контрола, ја подобруваат меѓусебната комуникации при учество на операции за поддршка на мирот, хуманитарни асинстенции и операции за брз одговор при ненадејни природни непогоди и катастрофи.
Подготвено од М.Н.