ep rakomet 2022

31.10.2022 Скопје

Раководството на Ракометната федерација на Македонија, оствари средба со сениорките и стручниот штаб пред почетокот на Европското првенство во ракомет за жени, каде што репрезентацијата на Македонија заедно со Црна Гора и Словенија ќе биде домаќин од 4-ти до 20-ти ноември.

Мукаетов на своето обраќање пред сениорките и стручниот штаб истакна дека, иако Македонската репрезентација е мала, може да бидеме горди дека имаме квалитетни играчи и стратези, како и страсни љубители на ракометот, се што треба да се направи е секој да го даде својот максимум во натпреварите и потенцираше дека ракометарките ќе ја имаат безусловната поддршка на теренот.

Женското ЕХФ Европско првенство 2022 се одржува под слоганот #PLAYWITHHEARТ, а Скопје после цели 14 години повторно ќе биде домаќин на европската ракометна елита.

Натпреварите во групата Ц, македонската селекција ќе ги одигра против репрезентациите на Франција (05.11.2022), Холандија (07.11.2022) и Романија (09.11.2022), сите натпревари ќе ги играме од 18:00 часот.

Подготвено од М.Н.

About Author