https://www.flickr.com/photos/future_investment_initiative/50881950811/in/photolist-2kwgigZ-Q5bFD4-R8fUT4-2ij1WM9-2iiZKM4-2ij1Vg8-2iiXkDL-2iiXizv-2ij1TjC-2iiXiBK-aRwnVz-9dfbVX-aRBYQV-xh68b-2jBPfTD-JR3iRq-NwKoDd-4jGV4s-25BjBNX-5qUe78-aRx8ka-GUMX6G-bu7J4d-bAetpT-26YP5fR-25BjsSR-26UUpo5-24eahfS-5thPAo-HjTQZx-KJajfD-25TivQu-JR2boG-Gc9n6w-aRyiRz-2nEczvd-aSfP4P-aSgJjF-aSfGkB-aSgRSe-aSgQYH-aSfEEk-aSgD5p-aSfCWD-aSdFSg-aSgSKF-aSgxQz-aSgzqH-aSfx6F-aSgBfV

14.10.2022 Скопје

Шефот на „Сауди Арамко“, најголемиот светски производител на нафта, смета дека глобалниот пазар на нафта е тесен. И тоа не навестува добро за светот кој се уште многу се потпира на фосилните горива.

Амин Насер, извршниот директор на „Сауди Арамко“ на конференција во Лондон, истакна дека има резервен капацитет кој е исклучително мал и ако Кина се отвори и нејзината економија почне да се подобрува или воздухопловната индустрија почне да бара повеќе авионско гориво, ќе го доведе во опасност резервниот капацитет. Воедно, предупреди дека цената на нафтата може повторно брзо да се зголеми.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author