06.10.2022 Скопје
Москва соопшти дека е подготвена за брза испорака на гас во Европа,кој би одел преку неоштетениот дел од гасоводот Северен тек 2, кој е меѓу Русија и Германија, откако неодамнешните протекувања ги зголемија геополитичките тензии.
Рускиот вицепремиер, Александар Новак, истакна дека доколку Европа ги донесе неопходните правни одлуки во врска со сертификацијата на Северен тек 2, Русија за многу кратко време би можела да обезбеди соодветни снабдувања преку овој гасовод.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во Европскиот парламент предложи цената на гасот да биде ограничена за производство на електрична енергија, и се зазеде за заеднички систем за набавки на енергенси.
Европската комисија уште во мај годинава го претстави планот Репауер ЕУ како одговор на тешкотиите и нарушувањата кои руската инвазија над Украина ги предизвика на глобалниот економски пазар. Со тој план кој е претставен во мај годинава, се предвидува да престане потполно зависноста од руските енергенси до 2027 година.
Подготвено од М.Н.