04.10.2022 Скопје
Потпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, порача дека очигледната провокација на Полска кон рускиот амбасадор во Варшава, претставува кршење на правилата на дипломатската комуникација.
Захарова наведе дека амбасадорот, Сергеј Андреев, бил повикан во полското министерство за надворешни работи, каде високорангиран дипломат му понудил, во замена за одреден вид на помош од полските власти, јавно да зборува против војната во Украина.
Потпаролката на Руската дипломатија, истакна дека на рускиот дипломат му било понудено целосно да се дистанцира од политиката на својата земја.
Захарова истакна дека полското министерство за надворешни работи, со овој потег покажува дека не ги почитува нормите на професионалната етика. Рускиот амбасадор Сергеј Андреев, одговорил дека не сака да го губи своето време и го изразил својот став за ситуацијата во Украина.
Подготвено од М.Н.