http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3670&PN=2

19.10.2022 Скопје

Откако ЈСП-Скопје го обвини МОН дека им должи 120 милиони денари, Министерството за образование и наука излезе со соопштение во кое се вели дека тие редовно ги подмируваат своите обврски кон сите субјекти.

Од Министерството велат дека нивна интенција не е намалување на правата на сите академски граѓани, туку напротив, постојано проширување на можностите за поддршка, кое што многупати до сега е потврдено преку воведување на нови категории на стипендии, преку зголемување на износите на стипендиите, преку воведување на субвенциониран стидентски оброк, доделување на ваучери за поддршка при студирање и уште многу други поволности.

Во соопштението се наведува дека Министерството за образование и наука, се оградува од сите лаги и обвинувања и дека до сега ги имаат подмирено сите износи кон Јавното претпријатие ЈСП.

Подготвено од М.Н.

About Author