10.10.2022 Скопје
Анатолиј Носати, министерот за одбрана на Молдавија, изјави дека властите на земјата би можеле повторно да го затворат воздушниот простор поради новите руски напади во Украина.
Според Носати, одлуката за затворање на воздушниот простор е донесена со одлука на Комисијата за вонредни состојби по консултација со сите надлежни органи.
Претходно, денеска на прес-службата на Министерството за одбрана на Молдавија соопшти дека три крстосувачки ракети истрелани од Русија кон Украина поминале низ воздушниот простор на Молдавија, а на разговор бил повикан и рускиот амбасадор во Кишињев, Олег Васнецов.
Подготвено од А.Ѓ.