https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/d0/Boysmartphone.jpg/640px-Boysmartphone.jpg

11.10.2022 Скопје

Проф.д-р.Ранко Рајковиќ,кој е автор на NTC и стручњак за развојот на интелектуалниот потенцијал на децата,истакна дека 50 до 60% од децата кои се на возраст од 4-5 години, неможат да скокнат назад, тоа значи дека кога ќе тргне на училиште нема да ја разбере математиката со минус.

Рајковиќ вели дека движењето на малите деца е најважното нешто во периодот кога растат, мобилните телефони им прават пречки во развојот на децата, а покрај тоа, дополнително може да прерасне и во завист, што тоа никако не е пожелно во равивањето на детето од најрана возраст.

Секој родител мора да постави граница за користење на мобилниот телефон, најдобро е да не се дозволува воопшто но ако веќе на детето му е дозволено треба да постои граница на тоа користење, на пример, половина час само и тоа е тоа, истакна Рајковиќ.

Постојат родители кои воопшто немаат никаква забрана на децата за користење на мобилен телефон, мораме да се бориме против тоа бидејќи после 5 години, детето ствара завист од телефон а тоа е веќе болест, истакна Проф.д-р. Ранко Рајковиќ и додаде дека најдобро би било, иако сите знаеме дека тоа е невозможно, на децата кои се под 14 години воопшто да немаат никаков пристап до ваков вид на електроника.

Подготвено од М.Н.

About Author