19.10.2022 Скопје
Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, преку својата Амбасада во Софија, упати вербална нота, со која изрази крајно незадоволство од јавните изјави на членот на Европскиот парламент и ко-претседател на политичката партија ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски.
Упатувајќи закани и тешки навреди, повредувајќи го достоинството на Република Северна Македонија и нејзините граѓани, господинот Џамбаски се однесува спротивно на заложбите и стремежите изразени во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка мегу двете земји.
Од МНР е наведено дека по ова известување, очекува државното раководство, Владата и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија да го осуди и да се огради од изјавите на Џамбаски.
Истовремено МНР би ги ценела евентуалните активности кои ќе бидат превземени од надлежните институции на Бугарија, за превенција во иднина на вакви слични однесувања, истакнаа од Министерството за надворешни работи.
Подготвено од М.Н.