16.10.2022 Скопје
Младинците на таеквондо клубот Бутел, остварија врвни резултати на меѓународниот турнир кој се одржа во Ниш, Србија, каде освоија вкупно 14 медали, односто три златни, четири сребрени и седум бронзени медали.
Таеквондо клубот Бутел екипно за севкупен пласман доби и пехар за второ место на турнирот во јуниорската и пионерската категорија.
Клубот воедно информираше дека најдобар борец е Дарко Георгиевски, кој се закити со златен медал кај јуниорите во категоријата до 63 килограми. Македонското таеквондо има многу големи надежи и тоа се потврдува со големите успеси на меѓународната сцена.
Подготвено од М.Н.