27.10.2022 Скопје
Младата Илина Соколовска освои бронзен медал на натпреварот во ритмичка гимнастика во Германија.
Бундес лигата повторно е активна по паузата поради пандемијата на коронавирусот.
Во Берлин, Илина Соколовска настапи со три точки, топка, чуневи и лента и благодарение на високите поени во соло настапите идниот месец ќе биде во Леверкузен со интернационален настап.
Малку недостасуваше екипно во Берлин да се закити со среброто. Но, и покрај тоа до крајот на сезоната следуваат уште многу натпревари, собирање поени и на крајот прогласување на победникот.
Годинава, нејзината помала сестра Ева Соколовска остана на резервната клупа во нејзината категорија во Бундес лигата, поради годините не е дел од најголемото германско натпреварување, но поради талентот и досегашните награди доби покана да биде дел од натпреварувањето, но само доколку е потребно за замена.
Подготвено од А.Ѓ.