10.10.2022 Скопје
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, важи за човек што ја ужива поддршката на мнозинството граѓани во Кавадарци, и човек кој со своите постапки има голема доверба меѓу жителите на оваа општина.
Јанчев кој е втор мандат градоначалник на Кавадарци, важи за еден од најуспешните во Северна Македонија, а за тоа сведочат и бројните секојдневни акции кои како градоначалник ги спроведува во својата општина.
Тиквешијата е далеку позната по своите лозови насади, како и по своите приозводи, односно виното и ракијата, па со оглед дека бербата веќе привршува, казаните во многу домаќинства веќе се припремени за производство на овие производи.
Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, поради тоа јавно им се обрати и посочи неколку работи на кои треба да внимаваат производителите на вино и ракија.
Јанчев на својот профил напиша, со оглед дека започната сезоната на печење на ракија и вино, се апелира и укажува на граѓаните, за загревање на своите казани да се користат исклучително дрва или плин, доколку се во можност.
Исто така упати апел, оџаците на казаните да бидат соодветно поставени, односно да бидат во висина над нивниот објект, доколку за затоплување се користат недозволиви материјали како гуми, пластика и други отпадни материјали, инспекторски надзор и општинар ќе вршат засилени контроли и доколку се затекнат лица кои не ги почитуваат дадените препораки, против нив ќе бидат превземени соодветни прекршочни санкции, согласно законот за управување со отпад и законот за квалитет на ембиентниот воздух.
Подготвено од М.Н.