28.10.2022 Скопје
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, потврди дека нема да оди на отворањето на клубот на македонската заедница во Благоевград в недела.
Османи смета дека како што отворањето на клубовите во Охрид и Битола, така и отворањето на клубот во Благоевград не е во функција на добрососедските односи меѓу двете држави.
На забелешката за контроверзните имиња на бугарските клубови Охрид и Битола и за тоа дека се знае кој стои зад тие во македонските градови, министерот Османи нагласи дека институциите имаат информации и повтори дека тие клубови исто така не се во функција на бугарската заедница во Македонија.
Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, смета дека не смее да се дозволи некој да ја киднапира агендата заради политички, партиски интереси и напомена дека отворањето на вакви клубови во двете земји, можеби моментални ќе задоволи некакви чувстува, но според него не е долгорочно решение.
Подготвено од М.Н.