20.10.2022 Скопје
Претседателот на Мадагаскар, Анри Роџелина, го разреши министерот за надворешни работи, бидејќи гласал за усвојувањето на резолуцијата на Обединетите нации, со која се осудуваат референдумите во четирите украински региони за присоединување кон Русија.
Минатата среда Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство усвои резолуција со која се осудува одржувањето референдуми за присвојување на украинските територии кон Русија, вкупно гласаа 143 земји-членки на Генералното собрание на Обединетите нации, од вкупно 193.
35 земји беа воздржани, меѓу кои беше и Кина, четири земји и се придружија на Русија, односно Сирија, Никарагва, Северна Кореја и Белорусија, а останатите 11 земји воопшто не гласаа.
До минатата недела, Мадагаскар секогаш беше воздржана за време на разни гласања за резолуции кои се поврзани со војната меѓу Русија и Украина.
Подготвено од М.Н.