https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/97/Zoran_Milanovi%C4%87_February_2020.jpg/800px-Zoran_Milanovi%C4%87_February_2020.jpg

19.10.2022 Скопје

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, најави дека како претседател на Хрватска ќе биде против идејата во државата да бидат обучувани украински војници, бидејќи тоа би имало значење дека се увезува војната во Хрватска.

Милановиќ истакна дека не ја поддржува таа идеја бидејќи така Хрватска ќе биде вплеткана во војната повеќе од што треба.

Конкретни сме и солидарни како држава, но повеќе од тоа нема да дозволам, го немам слушнато предлогот, но однапред кажувам дека тоа не ми се допаѓа, истакна хрватскиот претседател Милановиќ.

Се што се донира за тоа немам влијание, тоа го одредува Владата, тоа се материјални средства, но ќе го поддржам само доколку јасно добиеме заменски средства, додаде Милановиќ.

Милановиќ исто така наведе дека не може да го поддржи лишувањето на крвотокот на хрватската одбрана, дека Хрватска е на прво место, а потоа НАТО и останатите.

Подготвено од М.Н.

About Author