https://www.facebook.com/photo.php?fbid=662264698625160&set=pb.100045249083065.-2207520000..&type=3

13.10.2022 Скопје

Во текот на вчерашниот ден, српската вицепремиерка и министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ оцени дека Русија води освојувачка, а не ослободителна војна, а рускиот претседател го доведува целиот свет, секој граѓанин и секое дете, на чекор до страдањето.

Михајловиќ истакна дека целиот свет е во енергетска светска војна и дека и покрај кризата, Србија прави се за да обезбеди доволно количество енергенти за стопанството и домаќинствата. Воедно, додаде дека нема опасност од недостиг на нафтени деривати на српскиот пазар и дека новиот пакет санкции на ЕУ, со кој се забранува увоз на руска нафта, нема да влијае на стабилноста на снабдувањето.

За изградбата на нафтоводот до Унгарија и до Албанија и Грција, преку Северна Македонија, Михајловиќ оцени дека ќе значи што Србија станува транзитна рута.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author