https://www.facebook.com/photo/?fbid=345470906944506&set=a.289417809216483

07.10.2022 Скопје

Фудбалерот Лео Меси потврди дека Светското првенство во Катар ќе биде неговото последно првенство во криерата, и таму ќе биде неговота последна шанса да го крене големиот пехар. Аргентина има одличен состав и е во голема форма, но сепак и голема е конкуренцијата.

Меси изјави дека ги брои деновите до ова Светско првенство, истакнал дека чувствува мала анксиозност и нервоза за тоа како и што ќе помине, што ќе се случува, бидејќи ова првенство е последно во неговата фудбалска кариера.

Ние сме во многу добра форма, се наоѓаме во силна група, но на Светско првенство се може да се учекува, сите натпревари се тешки, и затоа Светското првенство е на посебно место, бидејќи фаворити не се секогаш оние кои освојуваат или не се на патот кој го очекуваат, изјавил Меси.

Не се знае дали ние сме големи кандидати за трофеј, но историски гледано, Аргентина секогаш била кандидат за победа. На ова Светско првенство во Катар, Меси истакна дека има и други кандидати односно репрезентации кои моментално се пред Аргентина.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *