07.10.2022 Скопје
Кирјакос Мицотакис, премиерот на Грција, во Прага изјави дека почитувањето на меѓународното право и фундаменталната заштита на човековите права треба да биде камен-темелник кој го поддржува овој нов напор. Воедно, изрази надеж дека сите земји кои учествуваат на Самитот на Европската политичка заедница ги споделуваат овие заеднички вредности, не само со зборови, туку и со дела.
По вчерашната трагедија што се случи во Егејското Море, грчкиот премиер Мицотакис изрази длабока тага за загубата на човечки животи и покрај херојските напори на крајбрежната стража.
Подготвено од А.Ѓ.