https://www.facebook.com/photo.php?fbid=566896998137474&set=pb.100044515356135.-2207520000..&type=3

12.10.2022 Скопје

Во оргнизација на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, од денеска до петок ќе се одржи четвртиот меѓународен симпозиум за земјоделство и храна 2022 ИСАФ, во Охрид.

Како што информираат од Факултетот, симпозиумот претставува продолжување на традицијата на средбата факултет-стопанство, што оваа година ќе биде одржан по четиринаесети пат, и на кој се водат дебати и се споделуваат разни искуства за подобрувањето на стопанството.

Во рамки на настанот ќе бидат одржани состаноци и средби на деканите од факултетите од областа на земјоделство и храна од Југоисточна Европа, кои истовремено се и коорганизатори на овој меѓународен симпозиум, кој е познат под називот ИСАФ.

Подготвено од М.Н.

About Author