14.10.2022 Скопје
Во најновиот извештај на Европската комисија останува оценката дека медиумите во Северна Македонија имаат соодветна средина за слободен говор за критичко новинарство, истакна вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на денешната заедничка прес-конференција со евроамбасадорот Дејвид Гир.
Маричиќ истакна дека во делот на слобода на изразување и медиуми, останува оценката дека медиумите имаат соодветна средина за работа која обезбедува критичко новинарство, и додаде дека само останува обврската за усогласувањето со правото на Европската Унија за аудиовизуелни медиумски услуги и реформирање на националниот радиодифузен сервис и подобрувањето на работничките права на медиумските работници.
Подготвено од М.Н.