https://www.euractiv.com/section/elections/news/tens-of-thousands-protest-in-prague-against-czech-government-eu-and-nato/

31.10.2022 Скопје

Два дена откако коалицијата на екстремно десничарските политички движења, маргинални групи и Комунистичката партија одржаа протест во Прага, повторно на исто место се собраа десетици илјади Чеси за да протестираат против зголемениот популизам и екстремизам.

За разлика од протестот во петокот кога организаторите кои беа против Европската унија и НАТО повикаа на директни преговори со Москва за снабдување со гас, толпата на овие протести веејќи украински и НАТО знамиња, изразија поддршка за Украина во војната против Русија.

Владата на премиерот на Чешка, Петр Фиала, ги поддржа санкциите на ЕУ против Русија и зазема цврст став против инвазијата на Русија над Украина. Донесе и низа мерки, вклучително и финансиска помош за компаниите и ограничувања на цените на струјата за домаќинствата.

Подготвено од М.Н.

About Author