21.10.2022 Скопје
Илон Маск планира да укине речиси 75 отсто од работните места на социјалната мрежа Твитер, доколку ја преземе компанијата.
Како што наведува Вашингтон пост, Макс планира да го намали бројот на вработени во компанијата од 7.500 на околу 2.000.
Вашингтон пост објави дека Твитер веќе планираше значителни намалувања, при што 25 отсто од персоналот да бидат отпуштени до крајот на 2023 година и затворање на клучните центри за податоци.
Сепак, весникот истакна дека плановите на Маск ќе влијаат на искуството за корисниците на Твитер, со зголемен ризик од хакирање и изложеност на навредливи материјали.
Маск првично предложи да ја купи компанијата пред да се повлече од преземањето во април, велејќи дека Твитер изнел лажни тврдења за бројот на лажни сметки на платформата.
Твитер го изведе Маск на суд како одговор за да го принуди да го исполни договорот. На почетокот на овој месец беше закажано петдневно судење во Делавер, но Маск потоа ја потврди својата оригинална понуда.
Но, милијардерот и платформата за социјалните медиуми сè уште се расправаат за важни детали што треба да се разјаснат за да се постигне договорот и останува неизвесноста околу трансакцијата.
Маск мора да го комплетира договорот од 44 милијарди долари до 28 октомври доколку сака да го избегне судењето.
Подготвено од А.Ѓ.