26.10.2022 Скопје
Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, планира да го финализира купувањето на социјалната мрежа Твитер до петок, 28 октомври, откако склучувањето на зделката беше одложувана со месеци поради правен спор меѓу Маск и компанијата.
Маск и Твитер се најдоа во правен спор околу бројот на лажни профили на социјалната мрежа, кој според Маск е многу поголем отколку што прикажала компанијата, но сепак одлучи да го продолжи процесот на купување на Твитер во рамки на планот да ја формира „Икс апликацијата за сите“.
Маск ги известил банкарите и тие сега работат на завршување на договорот за кредит од 13 милијарди долари, и со тоа купувањето е поблиску до конечната реализација.
Подготвено од М.Н.