13.10.2022 Скопје
Американскиот производител на чоколада „Марс“ ги прекина испораките на германските супермаркети „Реве“ и „Едека“ поради спор околу цените.
Од германскиот супермаркет „Реве“ соопштија дека нема добра причина да се прифати зголемувањето на цената што „Марс“ го бара, и покрај интензивните преговори.
Германскиот супермаркет „Едека“ го зазеде сличниот став. Портпаролот на компанијата истакна дека сегашните барања на „Марс“ за значително зголемување на цената не се фактички оправдани.
„Марс“ во Германија продава истоимени чоколади, гуми за џвакање, храна за домашни миленици, тестенини и сладолед.
Супермаркетите „Реве“ и „Едека“ им нудат на клиентите алтернативни производи, нудејќи им свои брендови и производи од германски компании.
Подготвено од А.Ѓ.