https://www.facebook.com/photo/?fbid=516078867199717&set=pb.100063928230945.-2207520000

24.10.2022 Скопје

Бојан Маричиќ, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, денеска учествува на 18. Европски самит во Салзбург, на покана на основачот и претседател на Институтот за региони во Европа (IRE), Франц Шаузбергер.

Вицепремиерот Маричиќ заедно со Никола Беер, заменик претседател на Европскиот парламент, Петер Лаунски-Тиефентал, генерален секретар на Министерстото за надворешни работи на Австрија, Лилиана Павлова, заменик претседателка на Европска инвестициска банка и Марко Штуцин, државен секретар за европски работи и меѓународно право на Словенија, ќе биде говорник на панелот насловен: „Дали Европа ќе ги преживее кризите?”.

Официјалниот дел од Самитот ќе биде отворен од страна на домаќинот на Самитот, Франц Шаузбергер, претседателот на Институтот за региони во Европа, а панелот на кој учествува Маричиќ ќе започне со поздравни обраќања на Карл Нехамер, Канцелар на Австрија, Јоханес Хан и федерална министерка за ЕУ и Устав на Австрија, Каролине Ештадлер.

Европскиот самит што се одржува по 18-ти пат оваа година, од 23-ти до 25-ти октомври 2022 година, е под покровителство на претседателот на Република Австрија, Александар Ван дер Белен и канцеларот на Република Австрија, Карл Нехамер. На истиот се очекува да има околу петстотини гости, многу значајни имиња од светот на политиката и над педесет меѓународни експерти, кои ќе земат учество на различните панел дијалози во следните два дена.

чеството на вицепремиерот на овој Самит, кој годинава се одржува на тема „Европа и мир: „Визии за Европа: Очекувања и реалност”, претставува можност да се потврди јасната посветеност на Владата на патот на европската интеграција на Северна Македонија и нејзината решителност за исполнување на обврските од европската агенда.

Самитот отвара можност да се разгледаат и можностите за заедничко справување со предизвиците со кои се соочува цела Европа и за забрзување на процесот на пристапување во ЕУ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author