https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3118117871834493&set=a.1389654864680811&type=3

27.10.2022 Скопје

Големата македонска тениска надеж, Калин Ивановски, денес во осминафиналниот меч, триумфираше над Марлон Ванкан од Германија со убедлив резултат од 2:0 во сетови 6:3 и 6:1.

Претходно во 1/16 финалето на турнирот во Хераклион, Грција, Калин Ивановски го елиминираше Јери Јеничек од Чешка.

За пласман во полуфиналето Ивановски ќе игра против Јакуб Никод, од Чешка, и доколку Калин Ивановски слави во четвртфиналето, за финале ќе се бори против Андреа Гериеги од Италија или пак со Стефанос Сакеларидис од Грција.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *