https://www.facebook.com/photo/?fbid=10228504786343404&set=pcb.10228504786743414

23.10.2022 Скопје

Непосредно пред да замине за Јапонија на светската премиера на неговиот најнов долгометражен игран филм „Кајмак“ кој се бори за награда во конкуренција од 15 странски и јапонски филмови на престижниот Филмски фестивал од А категорија во Токио, познатиот и наградуван македонски режисер Милчо Манчевски изјави дека македонскиот филм е нашиот најдобар амбасадор.

Неговите филмови „Пред дождот“ и „Прашина“ своевремено беа одлично примени од публиката на Далечниот Исток.

Во Токио, сепак ќе биде присутен на премиерата на 26-ти октомври, како и на проекцијата на 29-ти октомври, кога се предвидени и разговори со публиката.

На фестивалот во Токио, Манчевски ќе одржи и мастерклас за студенти и публика. Како и да е, режисерот потенцира дека мастеркласот ќе го води по вообичаениот терк, повеќе како разговор отколку како предавање затоа што, вели „сакам на луѓето да им дадам информации за она што навистина ги интересира“.

Манчевски е еден од ретките режисери, кој контактира со фановите кои се интересираат за неговите филмови и му нудат свои дела и низ одговорот на ова прашање открива како ги создава сценаријата, кои потоа ги преточува во филмови, кои низ годините нижат големи успеси и се сметаат за врвен дострел во кинематографијата.

Според Манчевски, македонскиот филм е еден од највпечатливите репрезенти на македонската култура во светот.

По светската премиера на „Кајмак“ во Токио, кон средината на ноември филмот ќе има синхронизирана проекција во кино салите низ Македонија. Со оглед на тоа што „Кајмак“ отсега го почнува својот фестивалски живот, пошироката публика филмот на Македонската телевизија ќе може да го гледа кон крајот на идната година. Неговиот претходник „Врба“ се уште носи награди и се прикажува на филмските фестивали, а Манчевски веќе го подготвува третиот дел „Биста“од замислената трилогија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author