https://www.facebook.com/FilharmonijaMK/photos/pcb.10160385291378011/10160385290158011

14.10.2022. sezona 2022/2023 Filharmonija Republike Severne Makedonije Gabrijel Bebeselea, dirigent Dino Imeri, klavir S. Petrovski: Pijani ples "Pajdusko" P. I. Cajkovski: Koncert za klavir i orkestar br. 1 u be-molu P. I. Cajkovski: Simfonija br.6 "Pateticna" Beograd, 14.10.2022. foto Marko Djokovic/BEOGRADSKA FILHARMONIJA

15.10.2022 Скопје

Македонската филхармонија под диригентство на Габриел Бебешелеа и пијанистот Дино Имери, синоќа во Коларац во Белград, пред преполна сала имаа незаборавен концерт.

Директорката на Филхармонијата, Тина Иванова Бејков, оцени дека ова е историски миг и за Филхармонијата и за македонската култура.

Дино Имери го изведе концертот за клавир и оркестар од Чајковски, потоа Патетичната симфонија од Чајковски и македонското дело Пијан Танец – Пајдушко од Сони Петровски.

Дино Имери, „волшебникот на пијаното“, изјави дека концертот во Белград е мошне значаен за македонската култура и за соработката меѓу македонската и белградската филхармонија. Воедно, изјави дека со голема одговорност и задоволство пристапил на оваа задача, бидејќи амбиентот во Белград е прекрасен и ова не е прво негово гостување во Белград, но е негово деби во Коларац, каде секој уметник би сакал да се најде.

Публиката во Белград со повеќекратни биса и големи аплаузи уживаше во изведбата на Филхармонијата и Имери.

Концертот беше организиран во соработка со Белградската филхармонија во рамките на регионалната соработка Отворен Балкан.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author