https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.instagram.com%2Fp%2FCkL3g9fptbT%2F%3Figshid%3DYmMyMTA2M2Y%253D%26fbclid%3DIwAR3Ba0H0UhLfLPp_6TSeK5LqBew5wG_VKDAKQbNJJtCgWxUOR6PWp9FHONU&h=AT3l15omH7rf0kTCz6DQr7xPDDo3qfRNRx-xeEGhnoVMrcbhjsZi1JDHj2JqUhtlsUofZaqTVQgjRk8nYtIgHs9Kaxp--wfxXKhIoV-QnTLMruoVLn-7N0R4C4a62RVBqTbOGQ

27.10.2022 Скопје

Марта Димоска, беше дел од стимулација на мисија на Марс која е финансирана од НАСА, и со тоа Марта е првата жена не само од Република Северна Македонија туку и од Балканот, која станала аналоген астронаут.

Стимулацијата која е спонзорирана од НАСА, е како тренинг за идните вселенски мисии и ги подготвува астронаутите за предизвиците со кои што ќе се соочат.

Марта на својот инстаграм профил сподели видео и фотографии облечена во скафандер и во описот појаснува за што станува збор. Аналогните мисии се многу важни за вселенското истражување, бидејќи на овој начин астронаутите вежбаат за идните вселенски патувања, и се подготвуваат за идните истражувања на астероидите, Месечината, Марс и многу подалеку.

Димоска стана првиот женски аналоген астронаут од Балканот, и првиот од земјите на поранешна Југославија, вклучувајќи ги соседите како Албанија, Бугарија и Косово.

Марта истакнува дека конечно успеала во својата цел, по долгата битка жените да бидат сватени сериозно кога станува збор за вселенските истражувања.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *