14.10.2022 Скопје
Со официјално соопштение од Македонската радио-телевизија до јавноста, ја потврди информацијата дека Македонија нема да биде учесник на Евросонгот 2023, што ќе се одржи во Обединетото Кралство.
Ваквата одлука е во најголем интерес на сите граѓани во Северна Македонија, имајќи ги во предвид зголемените трошоци поради енергетската криза, кои што зафаќаат голем дел од буџетот на Јавниот сервис, како и зголемените трошоци за самото учество на Евровизија 2023.
Исто така во соопштението до јавноста стои дека МРТ на своите канали ќе ја пренесува манифестацијата, односно двете полуфинални вечери и големото финале.
МРТ истакна дека се надева дека оваа состојба ќе се стабилизира, и земјава повторно ќе се врати со учество на Евровизија во 2024 година.
Подготвено од М.Н.