06.10.2022 Скопје
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, преку вонредна изјава, соопшти дека прогласува општа мобилизација, а тоа значи дека ќе се мобилизираат средношколци, студенти, работници, јавни личности, или пак со еден збор кажано, сите граѓани кои се видно способни.
Претседателот Лукашенко, кој е и најголем поддржувач на политиките на рускиот претседател Владимир Путин, најави општа мобилизација, но не за војна, иако веќе некое време се шпекулира дека белоруската армија би можела да биде вклучена во воените операции во Украина од страна на Русија.
Лукашенко ќе го мобилизира населението за берба и за други земјоделски работи, бидејќи овој период е добар за одлична заработка, житарици се берат насекаде а има голем негостиг на работна сила.
Сите оние кои можат да работат на терен по 5-6 часа треба да се мобилизираат, но иако ова се изгледа бизарно, Лукашенко всушност, според некои предпоставки, сепак сака да провери колку луѓе се воено способни во Белорусија.
Ќе биде интересно да се види колку граѓани на Белорусија ќе одговорат на овој повик од претседателот Лукашенко, кој на почетокот на својата кариера, бил директор на колективна земјоделска фирма.
Подготвено од М.Н.