https://www.flickr.com/photos/alsaddsc/18524942000/in/photolist-udZaRJ-6ch1gw-udZ9kh-uvzg9P-uvzg4P-6ccREi-tyxYFu-udYKvs-ue7LBF-6ccRpk-6x3xyV-6ch8nJ-tyJ5bB-tyJ8mp-4wJU5t-yC9of-2h3AHQn-fxEgFN-99K3WJ-9Vpwua-8BdRMW-6ccRJK-6bw8HT-6YURzh-dCCPPY-924Uk6-5BaXTf-EM3fPt-6BtUBp-cbTt93-8n4ezb-4LN3Z3-24r97yt-or7fLK-3fHmb5-9mJJ7-7mHUxP-nU7cP6-7637aB-4WCXaK-yLJuzK-V2j8WF-bYcARU-zeHLN5-MiiG9C-o9xGGb-U2TavS-6KMUcd-8KAeWn-2kHSXTm

14.10.2022 Скопје

Фудбалскиот гигант Барселона е пред елиминација во Лигата на шампиони, откако пред своите навивачи одигра 3-3 против Интер. Чави, по одиграната утакмица, изјави дека Лигата на шампиони e сурова кон Барселона и е свесен дека тие повеќе не одлучуваат самите за пласман во нок-аут фазата, a истакна дека ќе се фокусираат на Реал Мадрид и првенството во кое се тие лидери.

Одигравме одлично во првото полувреме, на пауза заминавме задоволни, истакна Чави, но во второто полувреме направивме многу грешки, не се браневме како што треба, на противникот му дозволивме премногу, и кога не успеавме да го победиме Интер на домашен терен за жал не заслужуваме да одиме во нок-аут фаза.

Чави потоа во своето обраќање додаде дека ќе се фокусираат на дуелот со Реал Мадрид, кој ќе се одигра на „Ел Класико“ во недела и дека ќе дадат се од себе пред се да има добра игра но и да издвојат сигурна победа.

Лигата на шампиони стана премногу комплицирана, ние зависиме од други, па мораме да се фокусираме на првенството, каде што сакаме да останеме лидери, истакна Чави, и додаде дека ги имаат Ла Лига, Суперкупот…и дека мора да продолжат напред со својата екипа.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *