https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3190072951243059&set=pb.100007211555008.-2207520000..&type=3

11.10.2022 Скопје

Денеска околу пладне, лидерите на групата Г7 – седумте индустриски најразвиени земји во светот ќе одржат виртуелен состанок на кој ќе разговараат за нападите на Русија врз Украина.

Се очекува лидерите на Г7 да ја повторат својата поддршка за Украина.

На онлајн средбата треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во вчерашните руски напади со крстосувачки ракети во најмалку 14 украински региони, вклучувајќи го и главниот град Киев, загинаа најмалку 19 лица.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author