19.10.2022 Скопје
Во денешниот ден од страна на полициски службеници, приведено е лицето со иницијали Ј.И. кој бил вработен во ЈСП, по претходна пријава околу 5 часот од страна на ЈСП, дека од меилот на приведеното лице, испратени се мејлови на сите директори, службите за финансии, правни и други служби во ЈСП, со закана дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала за време на протестите кои се планирани да бидат пред Владата.
Во моментот се вршат антитерористички проверки на сите автобуси на ЈСП, и се превземаат мерки за расчистување на случајот.
Подготвено од М.Н.