13.10.2022 Скопје
Претпладнево, косовскиот премиер Албин Курти оствари средба со специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак.
Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, изјави дека на средбата со косовскиот премиер Албин Курти разговарале за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, како и за енергетиката и регистерските таблички.
Лајчак го нагласи вклучувањето во барањето решение за косовско-српските спорови на францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, како и на американскиот државен секретар Антони Блинкен. Воедно, изрази надеж дека ќе се постигне напредок во нормализацијата на односите пред изборите во 2024 година во САД и во Европската унија.
Мирослав Лајчак информира дека во понеделник, на 17 октомври, ќе отпатува во Белград со истата агенда, а ќе продолжат контактите и со косовскиот премиер Курти.
Подготвено од А.Ѓ.