https://www.facebook.com/photo/?fbid=473434181486200&set=basw.AbqFW29bNpjIiqPP6AEbH-kJHiINnYSssIcJ6WPHYR6qEF6AHPUuRfJ14IAeCH1c8OsRRPYDyBjOi8KsBKx7A7cPQNMV-5XOxr2GpnS-7XI1XMY9SNt2qpfc4rL5qJfIlXav7cwTWVWct3YCUlQthtvw&opaqueCursor=AboDYzkhxcZj9-TYkGLn4dHspYTqKXZR6XWj5GKmjaNxkdlbPraBQIi2lYT29E0JIiCdebzOe1xnJrp-K7bof28OUS7uV5Nj8Erz5-CBoUPLl-0fS1GaXtdR-0XXKbj_ZOVDzsdfzlnEtmZSi3GOXYC4N0XY_kGi56g99CJLLBQzpvlAS9wpTmWoG8xkSHk2X-WvnK76yC6PMrbewMaX1lhARguV3yLiH849IBnyLi-iEy5Fi53X1nSq_6Bii_3GEwiR4whs6WS86g3S-aB2AbIFAvaGdHBSMZ7_eKwD7Q0PJdcxmpAv1TDDICImb5bHSFryeui2tH2JHkBMUbvFZCmAH_LRsk9TbxKy636VIEAIKIv9Xzt-08bG1OEzbD5pveWwvEZzpp1LmXgyuqCxZ_bqBXDvjbdSj4Xza2smVpwpYBL2DEOG0sMpB15ep7K1W-Cb7bgR7ihOjyHeWzOcgHwkDY5jn7Mtu4zOCK4uM-ABBjcO8bfSj49xkYyHWESS86EUHKKSv8VjTvYDe5Ujo9HIOpDZRzbR3cVkKupAhxm2sgjcqGYHH9REbUENRG2PnuE0jIYcsvgSJTinfRvCNZ1AW5jpDVW2VWC10w6c0vmXQsoZOdUsYq7R5-Fv2ifCVhvtm009hM0bR-_sQo5pETo3sOGf0C0uIVkvRUqFiqXFMuW5Oykf5478WYUzdCWdBsgZEV6QZ5q0uYBq_vqNQM_y

17.10.2022 Скопје

Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, денеска во Белград ќе разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Главни теми на средбата треба да бидат енергетиката, прашањето за регистарските таблички и продолжувањето на бриселскиот дијалог на највисоко ниво.

Во петокот, Лајчак престојуваше во ненајавена посета на Приштина на двочасовна средба со премиерот на Косово, Албин Курти.

Денеска, Вучиќ и Лајчак за прв пат ќе се сретнат откако претседателот на Србија објави дека лидерите на Германија и Франција, Олаф Шолц и Емануел Макрон му понудиле предлог за Косово.

Според Вучиќ, суштината на предлогот е Србија, без формално признавање на независноста на Косово, да се согласи со влезот на Косово во сите меѓународни организации, вклучително и ОН, а за возврат да добие „брз влез во ЕУ и веројатно значителни економски придобивки“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author