31.10.2022 Скопје
Портпаролот на службениот владин Кабинет, Антон Кутев, изјави дека ако сега не се формира влада во Бугарија, тоа нема да се случи ни за 10 години.
Кутев објасни дека во бугарската историја се случило во третиот мандат да не се формира влада, но најважно е луѓето во парламентот да сфатат дека мора да има стабилна влада, потенцирајќи дека тие што треба да владеат не го прават ова, тие прават нешто друго. Воедно, додаде дека во парламентарна република, политичкиот систем мора да биде управуван од парламентот, затоа што кога има проблем таму, она што се случува е нешто што не е видено 35 години. Кутев истакна дека на претседателот и техничките им се бара да сносат одговорност, а тие треба да бидат само механизам за поддршка.
Според Кутев, во моментов претседателот преку преодната влада, добро или лошо, во голема мера управува со државата.
Подготвено од А.Ѓ.