FB_IMG_1665316528962

09.10.2022 Скопје

Косовскиот премиер Албин Курти, на Роз-Рот семинарот на Парламентарното собрание на НАТО, изјави дека целта на Косово е да се зајакне и да стане дел на НАТО, со цел да придонесе за промоцијата на демократските вредности и мирот во светот.

Курти, на Роз-Рот семинарот кој се одржува во косовската престолнина, истакна дека Западен Балкан, како регион со многу нерешени проблеми, е исто така чувствителен и од аспект на политичката нестабилност.

Според премиерот Курти, за Србија е добродојдено руското влијание, кое го користи за да продолжи да се заканува на безбедноста и мирот во овој дел на Европа.

За тоа дали смета дека Србија сака да го наметне на другите својот начин на живеење, Курти истакна дека се работи за спротивното и дека Србија ги претпочита туѓите територии, но без други народи во нив.

На Роз-Рот семинарот на Парламентарното собрание на НАТО, кој се одржува во косовската престолнина и започна вчера, а ќе трае до 10 октомври, учествуваат над 100 пратеници од земјите членки и од земјите партнери на алијансата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author