15.10.2022 Скопје
Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е некој кој е подготвен да ја премине секоја црвена линија.
По повод објавувањето на неговата биографија, во интервју за виенски дневен весник Курц изјави дека е загрижен за ситуацијата во Европа. Воедно, предупреди дека не може да се исклучи дека Путин е подготвен да ја премине последната црвена линија и да употреби нуклеарно оружје, затоа што поразот не му е опција.
Подготвено од А.Ѓ.