20.10.2022 Скопје
Денес автобусите на ЈСП останаа паркирани во двете бази на претпријатието, односно во Ѓорче Петров и Автокоманда, со што го изразија револтот поради неисплатените плати.
Вработените уште во 4:30 часот утринава се собраа во кругот на јавното претпријатие, барајќи исплата на септемвриската плата, но наместо плата заработија кривична пријава од Град Скопје.
Од Јавното претпријатие велат дека дваесетина луѓе од ССМ и независниот синдикат на ЈСП, ги спречиле возачите редовно да си ги вршат своите работни задачи спротивно од член.35 од Законот за Јавните претпријатија со кои се уредува начинот на штрајк, и поради ова, Град Скопје ќе ги почитува законските мерки и ќе поднесе кривична пријава против лицата кои го попречија редовното функционирање на јавното претпријатие и ги држат во заложништво граѓаните на Скопје.
Подготвено од М.Н.