14.10.2022 Скопје
Потпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, изјави дека целите на руската воена операција во Украина остануваат и понатака непроменети но додаде дека тие може да бидат постигнати и сменети со преговори.
Песков истакна дека повеќе пати повториле дека се отворени за преговори, но за сега нема никаква најава од Украина за таков чекор и поради тоа насоката не е сменета, специјалната воена операција ќе продолжи се додека не ги оствариме поставените цели.
Дмитриј Песков, потенцираше дека и покрај отвореноста на Кремљ за преговори, не гледа можности за разговор со Западот во блиска иднина поради непријателскиот став кон Русија.
За преговори и разговори се потребни две страни, Западот завзема многу непријателски став кон нас, така што не сметам на било какви разговори во блиска иднина, додаде потпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Подготвено од М.Н.