https://www.facebook.com/photo.php?fbid=531327158996704&set=pb.100063582736486.-2207520000.&type=3

15.10.2022 Скопје

Премиерот Димитар Ковачевски, вчеравечер, изјави дека треба да има еден општ колективен договор, кој ќе биде пропратен со Закон за плати во државата, потенцирајќи дека моментално нема закон кој ги унифицира платите.

Премиерот Ковачевски посочува дека ако се погледнат и менаџерските договори на директорите на јавни претпријатија, кои прават загуби со години, и на членовите на управни одбори ќе се забележат поголеми плати од двајца министри заедно. Воедно, посочи дека е потребно да се ревидираат ваквите менаџерски договори, бидејќи тие менаџери не прават ништо за намалување на загубите, не ги намалуваат трошоците, не ги зголемуваат приходите.

Премиерот, исто така, истакна дека има македонски државјани кои работат во Црна Гора, Хрватска или Босна и Херцеговина за приватни консултантски куќи на европските фондови, а ние не може да ги искористиме.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author