https://www.flickr.com/photos/jenniferboyer/6042786929/in/photolist-acYS2x-2jA9hXn-2juceHq-2mJENeV-2mJwfyn-MMr8dY-2kpiBF4-5TRqvq-2ksyHcM-2jyY2VD-AjwgaN-2jyL92r-2kiEcsm-fNvhSx-7JnZBs-2mmrcP2-2jAd3Lm-2hfvDfA-2mmrfbm-zfSJqE-nH1YVZ-2hfpyoY-39XwZi-5ntrxp-ddBebH-2hccfrw-2mmhkmM-2iYQEHs-2kuoVWA-2hfvDi6-bdDWM-6odLyf-2i1AADj-B9AkAc-ijiiLN-2mmhiYG-2mmmdCs-CVFFf-2naKmbE-2mmrbuP-Gx6dcL-ktfXjj-2mmre3p-ku68a6-2kukgXs-5Fco6w-2mmhjXa-29eP43p-cfpHjC-2mmmb4z

03.10.2022 Скопје

Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, оствари средба со Лариса Дир, новоименуваната амбасадорка на Украина во земјава. На состанокот била изразена благодарност за навремените политики на Северна Македонија на линијата на надворешната политика на Европската Унија, во однос со ситуацијата во Украина, како и за донациите од помош за украинскиот народ.

Премиерот Димитар Ковачевски, нагласил дека Република Северна Македонија, најостро ја осудува руската агресија врз украинскиот народ и дека дава целосна поддршка на суверенитетот и територијалнит интегритет на Украина. Ковачевски изрази поддршка и за интеграциските аспирации на Украина, како демократска земја која што припаѓа во демократските сојузи на држави.

Премиерот Ковачевски најавил и дека Република Северна Македонија, како држава членка на НАТО и земја којашто ги почна преговорите со Европската Унија, ќе продолжи со принципиелната политика за осбрана на мирот, поставена целосно на линија на таквите надворешни политики на НАТО и на Европската Унија.

На средбата заеднички било констатирано дека неопходно е Руската Федерација веднаш да ги повлече своите трупи од окупираните територии на Украина и да отпочнат мировни разговори.

На средбата меѓу Ковачевски и Дир, биле потврдени пријателските билатерални односи меѓу двете држави и определба за унапредување на економски план и соработка во областа на енергетиката, инфраструктурата и туризмот.

Подготвено од М.Н.

About Author