https://www.facebook.com/photo.php?fbid=553940506735369&set=pb.100063582736486.-2207520000.&type=3

27.10.2022 Скопје

Договорот за гранично управување попознат како Фронтекс е потпишан на македонски јазик без фусноти, без никакви додавки и забелешки, истакнаа од владеачката партија. Тоа ветување кое претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски го даде пред своите граѓани, исполнето е во целост.

Целото европско законодавство се преведува на македонски јазик, и македонскиот јазик рамноправно е застапен заедно со сите други европски јазици, во Европската Унија.

Со потпишувањето на овој документ на врвно рамниште се издигнува статусот на службената употреба на македонскиот стандарден јазик, и на овој начин гордо се заокружуваат заложбите на нашите предходници за еманципација на македонскиот јазик и македонската култура на европско рамниште, се наведува во соопштението од владеачката СДСМ.

Подготвено од М.Н.

About Author