28.10.2022 Скопје
Заводот за статистика на Црна Гора (МОНСТАТ), објави дека цената на струјата за домаќинствата во Црна Гора, во првата половина од годината изнесувала во просек 9,7 евроценти за киловат час, за опсегот на годишна потрошувачка од 5.000 до 15.000 КWh.
Според МОНСТАТ, податоците кои се споредбени со ЕУРОСТАТ, покажува дека најскапиот киловат струја во регионот го плаќаат граѓаните на Црна Гора.
Граѓаните на Албанија плаќаат 9,4 евроценти/КWh, Република Северна Македонија 9,3, Босна и Херцеговина 8,3 а Србија осум евроценти/KWh.
Најефтиниот киловат од земјите во регионот е во Косово и изнесува 6,5 евроценти за киловат час.
Подготвено од М.Н.