09.10.2022 Скопје
Нутриционистите составија список на храна што помага во борбата против депресијата и стресот. За подобро расположение клучни се витамините Ц и Е, омега 3 масни киселините, калиумот и магнезиумот.
Елизабет Сомер, американска нутриционистка, советува кои намирници ќе ви помогнат полесно да се справите со стресот и депресијата. Во списокот спаѓаат пет основни групи на храна, богати со хранливи материи за кои е докажано дека имаат корисен ефект врз расположението.
Витамин Ц, што има ефект на намалување на нивото на хормонот на стресот во крвта, го има во портокалите, лимоните и другите агруми. Сомер тврди дека ако редовно јадете јужно овошје, имате големи шанси да останете смирени во кризни ситуации.
Со витамин Е, магнезиум и аминокиселина аргинин се богати оревите, лешниците и бадемите. Имаат низок гликемиски индекс, односно не предизвикуваат „скокови“ на нивото на шеќер во крвта.
Неколку лешници или бадеми ќе ви помогнат да го одржувате нивото на шеќер во крвта и со тоа да избегнете ненадејни промени во расположението.
Зеленчуците, како спанаќот и кељ, содржат фолна киселина, која помага во борбата против лошото расположение, потребно е да се консумираат често или да конзумирате мултивитамински таблети кои содржат и фолна киселина.
Морската риба како лосос, скуша или сардините се богати со омега 3 масни киселини и го подобруваат расположението, го намалуваат ризикот од депресија и губење на меморија во староста.
Сувото овошје како цреши и вишни, покрај витамин Ц се богати со калиум и магнезиум, кои придонесуваат полесно да се справиме со стресот. Веќе споменатиот витамин Ц е познат како еден од најмоќните антиоксиданси, кој го намалува ризикот од оштетување на мозочните клетки.
Подготвено од А.Ѓ.