11.10.2022 Скопје
Луѓето имаат различни планови и желби кога сакаат да стапат во брак, но според новото истражување постојат идеални возрасти за тоа.
Коавторите на книгата „Algorithms to Live By: The Computer Science of Human Decisions“, научникот Том Грифитс и новинарот Брајан Кристијану, истакнуваат дека бракот најдобро се склучува на 26-годишна возраст.
Според Мирор, нивното толкување е дека кога ќе достигнете 37 проценти од целта, сте ја достигнале совршената точка за да го извршите вашиот план, односно ако просечниот човек ја бара својата подобра половина на возраст од 18 до 40 години, тогаш идеалната возраст е 26 години, бидејќи дотогаш поминале 37 отсто од вкупното време за пребарување.
Според оваа теорија, ако сте под или над 26 години, премногу често ќе се карате со партнерот и врската едноставно нема да успее.
Се разбира, правилото од 37 проценти не е совршено и не го зема предвид фактот дека помеѓу 18 и 40 години нашиот вкус може да се промени и да почнеме да бараме нешто поинакво, но овие експерти тврдат дека врската е повеќе веројатно да трае доколку се легализира на 26-годишна возраст.
Подготвено од А.Ѓ.