https://www.facebook.com/photo/?fbid=520696156737606&set=bc.AbplNR_1JSWYpbg0X2KpPjS2QKRSJGCj1ssM6OE65GDOKCFC-ZI5KfES8V3uI7wUoZiW8q3QA2CIFVowJXUo3Ex98XlFILDYtPkMecJNh69BAiu6foi-bADHzOPkLLLqcwAbu0aSuc-9AMMkWKUo-A0r&opaqueCursor=Abq8m4X908uchz0q3fjSQgvQPuSJBpm5n4FZJEhaj0azA2Lkz6lulrZe7iG8dXWbJ7_Gs5rEL6j6Q5Cu5JkELhsGazCQyRrodnybvy7F8WAGnexAYWPEHxjWMzTdz7UrpG6BQBc1b9iXYodj-UQr-jxxZZuvmuICIe5GUOvW73aqK5ZHuNTjFruFXiq7Bv6peaEqlf2IxklKrMu_jSGfYo1Ji8QkIB_uIvnd-d7xDiBxdpeZLY_MpT7xikfHnmZMeJpuGk0E1OTwTIlXe92SbNGACUE2hkrsx_ZlgpLM6rTezLpxw5U8qoyR43pw1aTyRy5S1QCjMwkTWeLJJD0j5VPB8aMlbvGxV1T2g8rKmuyBdI62dps_ebeHoQ3fdfy_tJ_ScQa1fOi5G3d9BnB50ShMttCiGUiWDaTJ7m2E_yfinIW47Evw9HarjiXKTEhSOWGCQoEdvmwpAdSVItITpMc2z9t9NXWHBqAVB531cDlv0Nlsmx3X8iOZ_emgvE5BzTJOKRy9RUAKEY0vvwo-1ZuiTxIF4lZZsAAgba7WVBGtagCwJjIiYmo1KX0QSOVNqaB0IgN7983YiipDvhe9p0vJdXcZnzm6O4Ov62McJkCNyLxacVK4E72cGA4GHLa6WEsNRcuoOBQ7h53A3j0FJ4QAbd9CPpkWxcgiP83CYRe3jA

18.10.2022 Скопје

Додека украинската војска е немоќна деновиве да ги сопре нападите на беспилотни летала „самоубијци“, од иранско производство, кои го бомбардираат Киев, многу малку од јавноста знае точно за спецификациите на овој дрон.

Од она што се пишува во светските медиуми за популарно наречениот „Камиказа дрон“, засега е познато дека тој има деструктивна моќ, истиот е релативно мал по обем, не користи софистицирана технологија и тој тешко може да се собори од страна на украинските сили.

Од достапните информации на Интернет, се верува дека Русија го користи беспилотното летало Шахед-136, кој е од иранско производство, во конфликтот во Украина од средината на септември. Русите го нарекуваат и Гераниум-2, има експлозив во боевата глава и е дизајниран да лебди над целта, додека не добие наредба за напад.

Шахед-136 има рапсон на крилата од околу 2,5 метри и тешко е да се открие на радарот. Не е јасно колку точно има Русија, но САД соопшти дека Иран планира да испрати стотици во Русија. Во меѓувреме, Иран го негираше ова.

Експертите сметаат дека дроновите не се многу ефикасно оружје, без оглед што нивните смртоносни напади се повторуваат.

Џереми Бини, кој работи за аналитичката компанија „Џејнс“ за АФП, изјави дека системот на летала често откажува бидејќи компонентите од кои се прават најчесто не се квалитетни. Освет тоа и количеството на експлозив кој го носат е „релативно мало“. Според него, затоа дроновите немаат големо влијание на текот на војната.

Наталија Хуменјук, портпаролката на украинската војска, изјави дека дроновите значително го зголемуваат „психолошкиот притисок“ на населението. Бучавата која ја предизвикуваат, додека летаат, предизвикува страв кај луѓето кои и онака се со „тенки нерви“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author